Европските индекси во пад, златото под 4.000 долари

Европските берзански индекси денес се во пад, како и цените на златото, кои се пониски од 4.000 долари за унца, додека инвеститорите ги чекаат кварталните резултати на компании како што се BP, Phillips и Ferrari, пренесува CNBC.

Тројца претставници на Федералните резерви на САД во понеделник изразија сомнежи за понатамошно олабавување на монетарната политика следниот месец, што влијаеше и на движењето на цените на златото.

Инвеститорите сега веруваат дека веројатноста за намалување на каматните стапки во Соединетите Американски Држави во декември е 65 проценти, додека овој процент беше повеќе од 90 проценти само пред една недела.

Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 1,5 проценти на 23.760,83 поени денес во 9:30 часот, францускиот CAC 40 за 1,35 проценти на 8.000,36 поени, а британскиот FTSE 100 за 0,76 проценти на 9.627,40 поени.

Московската берза денес е затворена поради прославата на националниот празник, Денот на националното единство, посветен на сеќавањето на настаните од 1612 година кога Москва беше ослободена од полските и литванските освојувачи.

Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 0,48 проценти на 47.336,68 поени, додека вредноста на индексот S&P 500 се зголеми за 0,17 проценти на 6.851,97 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,46 проценти на 23.834,72 поени.

Европските фјучерси за гас за декември беа продадени денес на отворањето на берзата TTF по цена од 31.920 евра за мегават-час.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 60.478 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 64.334 долари.

Цената на златото падна на 3.995,22 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,4524 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,15240 долари, што е за 0,04 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.