Европските индекси во пораст

69

Европските берзански индекси денеска се во пораст откако американската централна банка ФЕД одлучи да ги намали каматните стапки за 50 базични поени.
Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 18.869,15 поени, британскиот FTSE 100 на 8.224,32 поени, францускиот CAC 40 на 7.534,02 поени, додека московскиот MOEX падна на 2.738,8 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс пред денешното отворање на берзите во Соединетите Американски Држави падна на 41.503,10 поени, индексот S&P 500 на 5.618,26 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.573,30 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 71.367 долари, а на нафтата од типот брент на 74.218 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 35.510 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.578,10 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,7180 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 килограми). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,11440, што е за приближно 0,26 отсто повисока отколку во средата.