Европските индекси во пораст

Денес, европските берзански индекси се претежно во благ пораст, цените на нафтата, златото и пченицата паднаа, додека инвеститорите ги анализираат податоците за трговскиот биланс на Германија за октомври.

Членката на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Изабел Шнабел, во понеделник навести можно зголемување на каматните стапки во Еврозоната.

По нејзините коментари, еврото зајакна, а приносите на 10-годишните германски обврзници се искачија на највисоко ниво од март.