
Европските берзански индекси денеска се во пораст, цените на нафтата и златото паднаа, додека пазарите ги чекаат важните податоци за инфлацијата во САД, кои ќе бидат објавени во 14 часот и 30 минути.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна на 22.088,23 поени, британскиот FTSE 100 на 8.778,04 поени, францускиот CAC 40 на 8.053,40 поени, а московскиот MOEX на 3.047,62 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 44.593,65 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 се искачи на 6.068,50 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот се искачи на 19.643,86 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта падна на 72.633 долари, а на нафтата од типот брент на 76.347 долари.
Европските фјучерси на гас за март на отворањето на берзата ТТФ се тргуваа по 56,3 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.890,23 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 5,7842 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,03756, што е приближно исто како во вторникот.