
Европските берзански индекси денеска се главно во пораст на отворањето на неделата, цената на златото падна, додека нафтата од типот „брент“ се продава за помалку од 83 долари за барел.
Франкфуртскиот берзански индекс DAX денеска во 9:15 порасна на 18.779,25 поени, лондонски FTSE 100 на 8.434,00 поени, московски MOEX на 3.449,87 поени, додека францускиот CAC 40 падна на 8.218,31 поени.
Цената на златото падна на 2.350,35 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 6,6530 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07731, што е приближно исто како и во петокот, пренесува Танјуг.











