
Европските и американските индекси денеска се претежно во пораст, нафтата и златото се во пораст, а оптимизмот се чини дека се враќа на пазарите по многу турбулентна недела.
Пред една недела инвеститорите масовно продаваа акции поради стравувањата дека американската централна банка ФЕД доцни со намалување на каматните стапки, но ситуацијата на берзите оттогаш се смири и индексите повторно пораснаа, пренесува Блумберг.
Индексот DAX на франкфуртската берза денеска во 9:20 часот порасна на 17.808,95 поени, британскиот FTSE 100 на 8.209,40 поени, францускиот CAC 40 на 7.306,81 поени, додека московскиот MOEX падна на 2.826,51 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 77.382 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 80.105 долари.
На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 39.830 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.435,75 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,3486 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,09219, што е приближно исто како во четвртокот.











