Европските индекси во пораст, цената на златото во пад

16

Европските берзански индекси денеска се во пораст, цените на златото паднаа од рекордно ниво од минатата недела, додека суровата нафта „брент“ се продава за помалку од 86 долари за барел.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:00 часот порасна на 17.876,50 поени, францускиот CAC 40 на 8.069,26 поени, лондонски FTSE 100 на 7.986,75 поени, а московскиот MOEX на 3.467,83 поени.

Цената на златото падна на 2.356,52 долари за унца, а на пченицата на 5.5056 долари за бушел (бушел изнесува 27.216 кг), пренесува Танјуг.

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,06658, што е приближно исто како и во петокот.