Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

20

На европските берзи во петокот наутро берзанските индекси благо паднаа, втор ден по ред, откако кон средината на неделата достигнаа рекордни нивоа.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во минус од 0,1 отсто во 9:30 часот.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,03 отсто, на 8.435 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,25 отсто, на 18.690 поени, а париски CAC 0,12 отсто, на 8.178 поени.