Европските инвеститори претпазливи на крајот на неделата

29

На европските и азиските берзи во петокот претпладнето се тргува внимателно, додека инвеститорите ги очекуваат новите квартални деловни извештаи од компаниите и економските показатели.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во претпладнето порасна за 0,1 отсто, така што е на пат кон благи седмични добивки. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,02 отсто, на 7.597 поени, а франкфуртски DAX за 0,04 отсто, на 16.970 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,16 отсто, на 7.650 поени.

Внимателно се тргува и на азиските берзи. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше речиси непроменет во истиот период од тргувањето како и на европските пазари, додека на седмично ниво е во плус 0,7 отсто.
Истовремено, индексот Nikkei порасна за 0,1 отсто на берзата во Токио, а благо пораснаа и цените на акциите во Австралија. Во Шангај, Тајван и Јужна Кореја денеска не се работи поради почетокот на прославата на кинеската Нова година.