Европските инвеститори претпазливи на почетокот на неделата

12

На европските берзи претпладнево се тргува внимателно додека инвеститорите чекаат нови вести кои би можеле да го насочат пазарот, па индексите, по силниот раст минатата недела, се движат во тесни дијапазони.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше речиси непроменет во 9:30 часот, откако минатата недела скокна за речиси 3 отсто.

Утринава лондонскиот FTSE индекс загуби 0,33 отсто, на 7.479 поени, а франкфуртски DAX 0,13 отсто, на 15.898 поени. Парискиот CAC зајакна, пак, за 0,21 отсто, на 7248 поени.

Азиски берзи
И на азиските берзи цените на акциите пораснаа. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, порасна за 0,8 отсто до 9:30 часот, откако минатата недела скокна за 2,8 отсто и го достигна највисокото ниво во последните два месеци.

Утрово јапонскиот индекс Никеи падна за 0,6 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,1 и 1,5 отсто.

На самиот почеток на денешното тргување, индексот Никеи го достигна највисокото ниво во последните 33 години, но потоа се лизна од него. На берзите владее добро расположение бидејќи инвеститорите сметаат дека поради намалувањето на инфлаторните притисоци заврши циклусот на зголемување на каматните стапки во западните земји.