Европските берзански индекси денеска бележат претежно пад, нафтата од типот „брент“ се продава за повеќе од 83 долари за барел, а во исто време е забележан и пад на цените на златото и на пченицата.
Денеска во 9:15 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза падна на 18.870,05 поени, лондонски FTSE 100 на 8.421,50 поени, францускиот CAC 40 на 8.230,02 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 3.489 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 79.128 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 83.263 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 29.500 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.387,34 долари за унца, а на пченицата на 6,6556 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08784, што е приближно исто како и во средата, пренесува Танјуг.