Европските инвеститори се претпазливи пред пораките на ЕЦБ

На европските берзи во четвртокот утрото индексите благо паднаа, откако претходниот ден пораснаа, бидејќи инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред одлуките и пораките на првиот човек на Европската централна банка (ЕЦБ) од редовната седница.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневени пресек беше во минус за 0,1 отсто, по вчерашниот значителен раст. Претпладнево лондонскиот FTSE индекс загуби 0,19 отсто, на 7.515 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,22 отсто, на 16.850 поени, а париски CAC 0,14 отсто, на 7.448 поени.

Иако не се очекуваат промени во монетарната политика, фокусот на инвеститорите ќе биде ставен на денешната средба на лидерите на EЦБ, бидејќи нивните пораки би можеле да разјаснат кога може да се очекува почетокот на циклусот за намалување на каматните стапки.

И на азиските берзи цените на акциите пораснаа. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, порасна за 0,7 отсто во истиот период од тргувањето во Европа, трет ден со ред. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија, Хонгконг и Шангај пораснаа меѓу 0,1 и 3 отсто.