Европските инвеститори се внимателни пред изборите во САД

69

На европските берзи претпладнево се тргува внимателно бидејќи инвеститорите не се склони кон поризични инвестиции во пресрет на претседателските избори во САД и седницата на американската централна банка.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше на 9,30 речиси непроменет во однос на петокот.

Утринава лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,43 отсто, на 8.212 поени, а париски CAC за 0,09 отсто, на 7.415 поени. Франкфуртскиот DAX се лизна, пак, за 0,07 отсто, на 19.245 поени.

Тие не сакаат да преземаат премногу ризици
Европските инвеститори не се подготвени да преземаат премногу ризици пред претседателските избори во САД на 5 ноември, бидејќи, како што покажуваат анкетите, би можеле да победат и демократската кандидатка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Само два дена подоцна, челниците на американската централна банка ќе ги соопштат своите одлуки од дводневната редовна седница.

Пазарот очекува ФЕД да ги намали клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, во опсег од 4,50 до 4,75 отсто.

Голем број други централни банки, вклучително и британската и австралиската, ќе одржат седници оваа недела.

Оваа недела ќе бидат објавени низа значајни макроекономски показатели од најголемите светски економии, а ќе се следи и продолжението на сезоната на објавување квартални деловни резултати на компаниите.

Hа азиските берзи цените на акциите пораснаа. Азискиот индекс MSCI беше зголемен за 0,8 отсто во 9:30 часот, откако минатата недела падна на најниско ниво во последните пет недели.

Во исто време, цените на акциите во Хонг Конг, Шангај, Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 1,8 отсто. Денеска е празник во Јапонија.

Растот на цените на акциите главно се должи на корекцијата по минатонеделниот пад.