Европските маслинови насади уништени од жештините

89

Високите температури повторно го погодија југот на Европа, толку многу што насадите на инаку многу отпорните маслинки претрпеа големи штети.
Во Шпанија, која е најголемиот светски производител на маслиново масло, производството е преполовено – од прогнозата од 1,3 милиони тони на само 620 илјади тони. Освен во Шпанија, маслинови дрва настрадаа и во Италија и Грција. Иако целосниот обем на штетата ќе се знае дури по жетвата во октомври и ноември, според сегашните прогнози, вкупното европско производство на маслиново масло би можело да падне за повеќе од 30 отсто или за околу 700 илјади тони во однос на петгодишното просек.

Хрватските маслинари за „Јутарњи лист“ велат дека ситуацијата таму не е толку драматична, па затоа годинашната реколта ќе биде просечна. Главна причина се врнежите, кои не изостанаа летово. Во случај на високи температури и суши, маслиновите дрвја ги испуштаат плодовите за да ја зачуваат малку влага што им останува за опстанок на дрвото, па останува малку за производство на масло. Зденко Барац, секретар на здружението на маслинари на Истарската жупанија Олеа, вели дека таму паднале некои плодови, но дождовите биле добри за маслинките, па немало штети како во Шпанија и Италија.