Европските осигурителни компании предлагаат полиси за автономни возила “плаќаш додека возиш“

34

Автономните возила на патиштата се очекува да бидат побезбедни од традиционалните на долг рок, но, несреќите и понатаму ќе продолжат да се случуваат, особено кога автоматизираните и неавтоматизираните возила ќе почнат да се движат на исто растојание.

Ова е причина зошто е задолжително осигурување за сите возила, потенцираат од Европската асоцијација на осигуреници, чии препораки уследија по минатонеделниот митинг Осигурување на мобилност во Брисел.

Покрај задолжителното моторно осигурување, сопствениците на автономните возила, според осигурителот, треба да бидат должни и да ги обезбедат сите информации за начинот на возење, текот на возењето и други основни информации потребни за обработка на побарувањата.

Пристапот до автоматски податоци за возилата, ќе им помогне на осигурениците подобро да ги разберат ризиците, дополнуваат од Европската асоцијација на осигурениците, оставајќи ја отворена можноста за возилата со авто – пилоти, како и на класични возила со современи системи на следење и прибирање информации за возење, да не се плаќа целокупната полиса за осигурување, туку полиса “плаќаш додека возиш“.

Осигурениците посочуваат дека силна регулаторна рамка на европско ниво за автономните возила е веќе воспоставена преку Директивата за осигурување на автомобили, дополнета со Директивата за одговорност на производот.

Тие додаваат дека мора да им се овозможи на заинтересираните страни во споровите со учество на автономни возила, информации за ваквите возила да ги добијат директно од сопственикот, а не од производителот.