Европските пазари во „зелено“: Се чекаат новите квартални резултати

Цените на акциите пораснаа на европските берзи во четврток наутро, додека инвеститорите чекаат нови квартални деловни резултати од европските компании, како и извештај за британскиот бруто домашен производ (БДП).

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,6 проценти во 9:30 часот наутро.

Во исто време, лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,35 проценти, на 10.390 поени, но франкфуртскиот DAX ослабе за 0,34 проценти, на 24.905 поени, а парискиот CAC за 0,32 проценти, на 8.300 поени.

Инвеститорите денес ќе бидат во фокусирани на извештајот за британскиот БДП во четвртиот квартал од минатата година.

Покрај тоа, очекуваме деловни извештаи од голем број компании – Siemens, BAT, Mercedes…