Европските потрошувачи се оптимисти

29

Очекувањата на потрошувачите во еврозоната и Европската унија (ЕУ) се подобрија во јули благодарение на ублажувањето на инфлацијата и пониските трошоци за енергија, покажа извештајот на Европската комисија (ЕК).

Индексот на очекувањата на потрошувачите во еврозоната во јули е зголемен за еден поен во однос на јуни, на минус 15,1 поен, објави ЕК.

Индексот на ниво на ЕУ се зголеми за 1,1 поен, на минус 16,1 поен, пренесува Мина.

Потрошувачите сè уште се на ниско ниво, но полека закрепнуваат, паралелно со слабеењето на инфлацијата, која се лизна на 5,5 отсто во јуни во еврозоната и на 6,4 отсто на ниво на цела ЕУ, благодарение на поевтината енергија.

Сепак, цените на храната повторно нагло пораснаа, за повеќе од девет отсто.

Во септември минатата година индексите паднаа на најниско ниво откако ЕК ги објави извештаите, што ги одразува стравувањата на граѓаните во двете области за поскапување на храната и енергијата на почетокот на зимата.