Просечните цени во областа на земјоделството во Европската унија паднаа во вториот квартал од 2024 година, како за производите, така и за инпутите, па така, на пример, житарките поевтинуваат за 14 отсто, објави Евростат.
Од канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведуваат дека голем пад е забележан и кај јајцата (15 отсто) и сточната храна (13 отсто).
Спротивно на тоа, недостигот на маслиново масло доведе до континуиран пораст на цените на тој производ (за 41 отсто во вториот квартал), додека цената на компирот порасна за 10 отсто.