Евростат: Финците најзадоволни од својот живот меѓу жителите на земјите од Европската унија

Просечната оценка за задоволство од животот во Европската унија во 2023 година беше 7,3 на скала од нула до 10, а највисоката оценка е забележана во Финска од 7,8, објави  Евростат.

Заводот за статистика на ЕУ вели дека следат Белгија, Австрија, Романија и Словенија, секоја со оценка од 7,7.

Меѓу 27-те земји на ЕУ, дури 13 забележале рејтинг над просекот на Европската унија, додека Словачка и Луксембург имале потполно ист.