Евростат: Граѓаните на Европската унија го оценија своето задоволство од животот со оцена 7,1

10

Во 2022 година, граѓаните на Европската унија своето задоволство од животот го оценија просечно со 7,1, на скала од 0 (воопшто незадоволни) до 10 (целосно задоволни), покажа денеска објавеното истражување на Евростат.

Оценката е пониска од оценката од 7,3, која беше во 2018 година и сега е приближно иста како и во 2013 година, кога граѓаните на ЕУ го оценија своето задоволство од животот со 7,0.

Луѓето генерално се позадоволни од нивните лични односи, кои ги оценуваат во просек со 7,8, отколку од состојбата на нивните финансии, кои ги оценуваат со 6,6.