Евростат: Невработеноста во еврозоната во март останува на историски најниско ниво

14

Невработеноста во еврозоната во март и натаму беше на историски најниско ниво од 6,5 отсто, исто како и во претходните четири месеци, објави Евростат.

Во Европската унија, стапката на невработеност во март изнесуваше шест отсто, нешто помалку од 6,1 отсто во февруари.

Евростат проценува дека во март во Европската унија биле невработени 13.258 милиони луѓе, од кои 11.087 милиони во еврозоната, пренесува Танјуг.

Во споредба со февруари, невработеноста е намалена за 74.000 во Европската унија и за 94.000 во еврозоната.

Ако ги споредиме тековните податоци со март 2023 година, невработеноста порасна за 175.000 во Европската унија и падна за 51.000 во еврозоната на годишно ниво.

Стапката на невработеност на младите до 25 години во март 2024 година изнесува 14,6 отсто во Европската унија и 14,1 отсто во еврозоната.

Висока невработеност е забележана во Шпанија 11,7 отсто, Грција 10,8 отсто, Шведска 8,3 отсто, додека ниски стапки на невработеност се регистрирани во Чешка и Полска по 2,9 отсто, како и во Словенија од 3,1 отсто.