Еврото и фунтата под притисок од новиот вид на коронавирус

54

Еврото и фунтата се најдоа под притисок на девизните пазари што го предизвика новиот вид на коронавирус во Велика Британија. Освен вирусот, тука е краткиот рок за склучување договор со Европската унија поврзан со трговските односи после Brexit.

Еврото достигна вредност од 1,2219 долари, што е пад од 0,2% еден ден претходно. Фунтата во исто време ослабна за 0,6% и со нејзе се тргувало по 1,3388 долари.

Индексот на доларот, што ја мери вредноста на американската спрема другите шест најважни светски валути, достигна околу 90,31 поени, зајакнувајќи за околу 0,3%.

Разговорите меѓу француските и британските власти за повторно отворање на границите на коишто се заглавени стотина камиони, како и извештајот што наведува на придвижување во трговските преговори меѓу Британија и ЕУ би можеле да го ублажат притисокот врз фунтата и еврото.

Над 40 земји привремено ги затворија границите за стока и патници од Велика Британија, укинувајќи ги летовите од земјата поради брзо ширење на нов вид на коронавирусот.

Фото: Freepik