
Вредноста на американската валута во однос на кошничката валути на клучните трговски партнери се намали за околу десет проценти од изборот на американскиот претседател Доналд Трамп, што предизвика глобален процес за пронаоѓање на побезбедни алтернативи за инвенститорите.
Нестабилните економски политики на новата американска администрација ја разнишаа вредноста на доларот и го засилија притисокот врз неговиот долгогодишен статус како водечка резервна валута во светот, анализира Ројтерс.
Во такви околности, еврото се појавува како главен кандидат да ја преземе таа улога. Неизвесноста што лебди над трансатлантските односи би можела да ги отстрани политичките бариери што досега го попречуваа создавањето на клучното безбедно засолниште на еврозоната.
Високи претставници на Белата куќа јавно ги доведоа во прашање придобивките што САД ги добиваат од статусот на доларот како глобална резервна валута. Реакцијата на инвеститорите беше брза и решителна: бегство од доларот