Еврото падна во однос на доларот поради лошите вести за економската активност во еврозоната 

Еврото падна во однос на американскиот долар поради лошите вести за економската активност во еврозоната и Германија во август.

Денеска во 12:20 часот на глобалната берза Forex еврото се продаваше за 1,08083 долари, што е најниска вредност на еврото во повеќе од два месеци.

Европската валута сега е најслаба во однос на доларот од 14 јуни.