Еврото зајакна во однос на доларот за речиси 2% во првата половина од годината

61

На светските берзи минатата недела се зголеми курсот на еврото во однос на доларот, зголемувајќи ја добивката на речиси 2 отсто за целата прва половина од годината, што е последица на најавата на Европската централна банка (ЕЦБ) за дополнително зголемување во каматните стапки.
Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела остана речиси непроменет на ниво од околу 102,90 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута се лизна за 0,2 отсто, па цената на еврото достигна 1,0910 долари.

Но, доларот порасна во однос на јапонската валута, за 0,4 отсто до 144,30 јени, блиску до највисокото ниво во повеќе од седум месеци.

Во фокусот на инвеститорите беа пораките на централните банкари од панелот во португалскиот град Синтра.

Претседателот на американската централна банка Џером Пауел рече дека каматните стапки веројатно ќе продолжат да растат и дека не очекува тие да се намалат оваа година, бидејќи инфлацијата се уште е далеку над целните нивоа.

Официјални претставници на Европската централна банка (ЕЦБ), организатор на тој панел, исто така рекоа дека каматните стапки ќе треба дополнително да се зголемуваат и дека се уште не размислуваат за нивно намалување, пренесе СееБиз.