Еврозона: Хрватска, Австрија и Естонија имаат највисока годишна стапка на инфлација во март

13

Годишната стапка на инфлација во еврозоната забави на 2,4 отсто, а минатиот месец најмногу пораснаа услугите на годишна основа, јавува Anadolu.
Имено, според првата проценка, годишната стапка на инфлација во еврозоната во март изнесувала 2,4 отсто, што е за 0,2 процентни поени помалку во однос на февруари. На месечно ниво цените на производите за широка потрошувачка пораснале за 0,8 отсто, објави европската статистичка служба Евростат.

Минатиот месец најмногу поскапеа услугите, за 4,0 отсто на годишно ниво, така што растот на тие цени не се промени во однос на февруари. Храната, алкохолот и тутунот поскапеле за 2,7 отсто (во февруари за 3,9 отсто), а неенергетските индустриски производи за 1,1 отсто (во февруари за 1,6 отсто). Енергијата, пак, падна за 1,8 отсто (во февруари за 3,7 отсто).

Без цените на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, што ги зема предвид Советот на Европската централна банка при донесувањето на одлуките за монетарната политика, годишната стапка на инфлација во март изнесува 2,9 отсто, а месечната стапка на инфлација 1,1 отсто.  Без енергија, годишната стапка исто така изнесува 2,9 отсто, а месечната 0,9 отсто.

Според првата проценка, Словенија во декември имала годишна инфлација од 3,4 отсто, мерена преку усогласениот индекс, што е иста како и во февруари. На месечно ниво, според тој индекс, цените пораснале за 0,6 отсто.

Највисока годишна стапка на инфлација во март имаа Хрватска (4,9 отсто), Австрија (4,2 отсто) и Естонија (4,1 отсто). Најмалку имаа Литванија (0,3 отсто) и Финска (0,7 отсто).