
Во првиот квартал од 2026 година, Еврозоната забележа квартален економски раст од само 0,1 процент, што претставува дополнително забавување во споредба со растот од 0,2 проценти во последниот квартал од 2025 година, според извештајот на Евростат објавен денес, кој ја потврди претходната прелиминарна прогноза.
На ниво на Европската Унија, кварталниот економски раст во првиот квартал од оваа година изнесуваше 0,2 проценти.
Кварталниот економски раст на Германија малку се забрза на 0,3 проценти во првиот квартал, Франција стагнираше, Италија пријави раст од 0,2 проценти, а Шпанија ги надмина сите поголеми европски економии со 0,6 проценти.











