Еврозоната повторно во рецесија

33

Економијата на земјите во блокот на еврозоната повторно е во рецесија, бидејќи последиците од пандемијата сè уште влијаат врз нејзината економска активност.

Европските економии повторно беа на удар поради зголемениот број на заразени и воведените рестрикции поради пандемијата, јавува ВВС.

Економската активност на еврозоната е намалена за 0,6% од јануари до март годинава, што е втор квартал по ред намалена економска активност.

Француската економија во првите три месеци забележа скок од 0,4%, по падот на крајот на 2020 година, додека во Германија е регистриран пад од 1,7%.

Фото: Pexels