Еврозоната со најголем економски пад од Втората светска војна

Сите земји членки на Европската унија, а најмногу земјите што се дел од еврозоната, оваа година бележат најголем економски пад од Втората светска војна. Како последици од кризата предизвикана од пандемијата, земјите чија заедничка валута е еврото, во вториот квартал од оваа година имаат пад од 14,7% во однос на истиот период лани, објави Eurostat.

Падот на бруто домашниот производ (БДП) на ниво на ЕУ е 13,9% во споредба со истиот период минатата година.

Освен пад на БДП, кај земјите од еврозоната е забележано и намалување на личната потрошувачка, намален извоз и зголемен број на невработени.

Во вториот квартал од оваа година има најголем пад на вредноста на БДП и на бројот на вработени од почетокот на собирањето податоци од 1995 година.

Бројот на вработени во однос на почетокот на годината е намален за 2,9%, личната потрошувачка е смалена за 12,4%, а извозот за 18,8%.

Фото: Freepik