Еврозоната во јуни со најголем економски раст во последните 15 години

24

Економијата на еврозоната во јуни имаше најголем раст во последните 15 години благодарение на вакцинирањето против коронавирусот и ублажување на мерките против пандемијата што поттикнаа силна побарувачка за производи и услуги, покажува анализата на истражувачката компанија Markit.

Индексот на менаџерите за набавка во приватниот сектор од еврозоната во јуни се зголеми за 2,4 поени во однос на мај, на 59,5 поени, што е највисоко ниво од јуни 2006-та година.

Активностите во индустријата дополнително забрзаа во јуни, а секторот на услуги го забележа и најсилниот раст во 14 години благодарение на забрзаната вакцинација и ублажување на ограничувањата поради пандемијата.

За следните 12 месеци аналитичарите имаат оптимистички прогнози.

“Бранот оптимизам дека најтешкиот дел од пандемијата е зад нас ги поттикна очекувањата на компаниите да достигнат највисоко ниво во 21 година, што е добар знак и сигнализира дека растот може дополнително да се зголеми во следните месеци“, заклучува главниот економист на Markit, Крис Вилијамсон.

Фото: Pexels