Еврозоната во стагнација: Во октомври индустриското производство падна за 1,2 отсто

Според првата прелиминарна проценка, сезонски прилагоденото индустриско производство во еврозоната во октомври паднало за 1,2% на годишно ниво, додека стагнирало на месечно ниво, објави денеска Евростат

Во Европската унија, индустриското производство во октомври се зголемило за 0,3 отсто на годишно ниво, додека на месечно ниво се намалило за 0,8 отсто.

На годишно ниво, производството на интермедијарни производи во Европската унија во октомври падна за 3,1 отсто на годишно ниво, како и производството на капитални производи за 1,7 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 1,7 отсто и енергија за 1,4 отсто додека производството на нетрајни производи за широка потрошувачка е зголемено за 3,6 отсто.

Фото: Pixabay