Евзони во среда и четврток ќе биде затворен поради штрајк на грчките цариници

18

Поради штрајк на грчките цариници, граничниот премин Евзони од 05:00 часот на 17 февруари до 08:00 часот на 18 февруари 2021 година ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи по добиената информација од колегите од Република Грција.

Исто така, информираат дека товарниот сообраќај на граничните премини Деве Баир и Ќафасан, кој беше во прекин, од вчера нормализиран.