Exxon сака да стане водечки производител на литиум за електрични возила

20

Exxon Mobil има за цел да стане водечки производител на литиум за батерии за електрични возила преку операцијата за дупчење што нафтениот гигант ја започнува во Арканзас, објави компанијата во понеделникот.
Ексон на почетокот на оваа година купи 120.000 хектари геолошки наоѓалиште во јужниот дел на Арканзас наречен Smackover Formation, кое е богато со литиум.

Компанијата ќе започне со производство на литиум за батерии на локацијата уште во 2027 година и има за цел да обезбеди доволно од минералот за да го поддржи производството на 1 милион електрични возила годишно до 2030 година.

Во тек се разговори со потенцијалните клиенти како што се производителите на електрични возила и батерии, се вели во соопштението на Exxon.

Операцијата со литиум доаѓа во време кога големите нафтени компании се под притисок да се справат со климатските промени. Додека Шел и БП се фокусираа на обновливите извори на енергија како што се ветерот и сонцето, Ексон инвестира 17 милијарди долари до 2027 година за да ги намали емисиите со фокус на зафаќање на јаглерод, водород и биогорива.