ExxonMobil дели 1.600 откази во Европа

23

Американската компанија за нафта и гас, ExxonMobil до крајот на следната година во Европа ќе подели околу 1.600 откази. Како причина за ваквата одлука се наведува намалената побарувачка за нафта предизвикана од пандемијата од коронавирусот.

“Потребни ни се сериозни мерки за подобрување на ценовна конкурентност и да ја оспособиме компанијата да се бори во овие досега невидени пазарни услови“, велат од ExxonMobil.

Како што пишува Financial Times, отказите ќе бидат доделени во компании во повеќе европски земји.

ExxonMobil е тешко погоден од последиците што ги предизвика пандемијата, бидејќи во вториот квартал од оваа година регистрираше загуба од над една милијарда долари, поради падот на цената на енергенсите.

Фото: Facebook