EY: Ова е светски претприемач на годината за 2022 година

106

Гастон Таратута, основач и извршен директор на Aleph, е прогласен за светски претприемач на EY (Ernst&Young) за 2022 година, соопшти EY.

Оваа година 50 национални победници и носители на наградата EY Entrepreneur of the Year од 41 земја се натпреваруваа за најпрестижната награда во претприемништвото.

Кој е Гастон Таратута

Гастон Таратута направи револуција во дигиталното рекламирање создавајќи глобална платформа за компаниите на пазарите во развој, пишува Бонитет.

Ветеранот на продажбата и маркетингот, Гастон забележа недостаток на можности за компаниите и огласувачите во земјите во развој да се поврзат со најголемите дигитални платформи во светот како Twitter, Snapchat и LinkedIn, па во 2005 година тој ги основа Интернет медиумските услуги (IMS) за подобрување на дигиталните екосистем во Аргентина и земји кои имаа слична ситуација на пазарот. Минатата година, со спојувањето на IMS и преземањето на слични компании, беше формиран Aleph.

Денес, Aleph е глобална компанија, присутна на 90 пазари и на дури четири континенти.

Гастон Таратута континуирано инвестира во образовни програми кои им помагаат на жителите на земјите во развој да развијат професионални кариери во дигиталната сфера. Едукативната платформа на Aleph е посветена на обука и поврзување на дури 50.000 професионалци за дигитално рекламирање.