EY Romania ќе вработи 150 дипломци

28

pexels-photo

Фото: Pexels

EY Romania, една од компаниите за ревизија во Романија, ќе вработи повеќе од 150 студенти и дипломци во своите канцеларии во Букурешт, Клуж-Напока, Јаши и Темишвар оваа година.

Процесот на вработување ќе се одвива оваа пролет, а новите вработени ќе започнат со работа во септември 2018 година, пишува Romania Insider.

“Ние моментално го имаме најиновативниот процес на регрутирање, што се фокусира на целото искуство на кандидатите, нудејки им не само прилика за кариера, туку исто и шанса да научат, да се надградат и да се пронајдат себе преку целата програма. Кандидатите ќе добиваат повратни информации, уште од првата фаза, кога ќе бидат тестирани нивните способности и нивното однесување”, објасни HR директорката на EY Romania, Андреа Михнеа.

Процесот за регрутирање ќе вклучува и онлајн тестирање, видео интервју и период на оценување EY Express, што се состои од три дневни тренинзи, индивидуални и тимски вежби. Потоа, ќе следи уште едно финално интервју, според кое ќе бидат вработени најдобрите кандидати.

EY моментално има 770 вработени во Романија и Молдавија, кои нудат ревизија, фискална помош, помош при трансакции, консултантски услуги за мултинационални компании и за локални компании.