Фабрика Карпош ги посети децата од СОС Детско село

21

thumbnail_slika-2

Фабрика Карпош денеска го посети СОС Детското село каде заедно со Дедо Мраз подарија новогодишни пакетчиња, а дечињата организираа специјална предновогодишна приредба за нивните гости.

„Споделената радост е поголема радост – навистина ни е драго што нашата среќа ја споделивме со дечињата, а за возврат добивме многу љубов, насмевки и прегратки и прекрасна приредба во претпразнична атмосфера. Ова е доказ дека понекогаш малите работи можат да не направат посреќни и да направат да се чувствуваме убаво“, изјавија од Фабрика Карпош.

Со единствена цел да се овозможи празниците да донесат среќа и топлина кај секој кој има најмногу потреба од тоа, Фабрика Карпош и во иднина ќе продолжи да придонесува за општеството.