Facebook ги прави првите чекори кон здравствената заштита на корисниците

30

healthcare_socialmedia

Најпопуларната социјална мрежа Facebook веќе ги знае сите наши пријатели и сите нешта што ни го привлекуваат вниманието. Наскоро Facebook ќе знае какво е и нашето здравје, пишува Reuters.

По стапките на технолошките гиганти Apple и Google, Facebook ги прави првите чекори во овој нов сектор за нив.

Компанијата, според анонимен извор на Reuters, ги истражува можностите за создавање online поддршка на заедницата, преку која на Facebook ќе можат да се поврзат луѓе заболени од најразлични болести. Мал тим е ангажиран и за креирање апликација за “превентивна заштита“, чија цел ќе биде подобрување на квалитетот на животот на луѓето.

Во последните неколку месеци раководни лица во Facebook имаат постојани средби и состаноци со медицински експерти, кои ќе помогнат во развој на соодветна апликација за здравјето на корисниците на најпопуларната социјална мрежа во светот.