Facebook ги укинува таксите на хуманитарни донации

21

fb

Фото: Facebook

На втората по ред Facebook Social Good Forum конференција, којашто се одржа во Њујорк, од компанијата открија неколку хумани новости. Facebook ги укинува таксите на сумите што се уплаќаат за хуманитарни цели што досега изнесуваа 5% од износот што корисникот би го уплатил на некоја непрофитна организација. Но, кога станува збор за приватни фондови, односно акции за собирање на пари, корисниците кои донираат пари сè уште ќе плаќаат такса што се движи од 6,9% до 8,8%.

Од компанијата соопштија дека ќе донираат 50 милиони долари годишно за санирање на последиците од природни катастрофи и слични акции. Хуманитарните акции да имаат поголем одзив, Facebook ќе ја направи опција за донирање достапна и во 13 земји во Европа, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Меѓу новините е и Mentorship feature (опција за менторство) што ќе функционира во соработка со партнерски непрофитни организации. Со помош на оваа опција корисниците кои се постари од 18 години ќе можат да се поврзат со соодветен стручен ментор и да добијат неопходен совет.