Платформата за гифови – Giphy стана сопственост на Facebook за 400 милиони долари, стои во официјалното соопштение на една од најпопуларните социјални мрежи.
“Giphy, лидерот во визуелното изразување, се приклучи кон Facebook, како дел од Instagram тимот. Giphy секој ден ги прави разговорите позабавни, па планираме дополнително да ги интегрираме нивните гифови во Instagram и другите наши апликации со цел да им помогнеме на корисниците полесно да комуницираат“, велат од Facebook.
Оваа социјална мрежа веќе подолго време ги користи гифовите на Giphy, не само на Instagram, туку и на другите апликации, како што се Facebook, Messenger и WhatsApp.
Фото: Pixabay