Facebook, Google и Twitter можно е да ги блокираат своите услуги во Хонгконг

23

Американските технолошки гиганти Facebook, Google и Twitter ја предупредија владата на Хонгконг за можно укинување на своите услуги во тој град доколку властите продолжат со планираните измени на кривичниот закон за заштита на податоци, објави Wall Street Journal.

Измените на законот би ги направил технолошките компании одговорни за намерното споделување информации од поединци на мрежите.

Во писмо што е испратено од едно здружение од оваа индустрија, а чии членки се и технолошките гиганти, се наведува дека компаниите се загрижени поради планираните прописи за решавање на проблемите и би можеле да ги доведат нивните вработени во ризик од кривична истрага или кривично гонење поради она што корисниците го објавуваат на социјалните мрежи.

Канцеларијата за уставни прашања на Хонгконг во мај предложи измени на градскиот закон за заштита на податоци, наведувајќи дека тоа е потребно за борба против праксата што беше распространета на социјалните мрежи во текот на протестите во овој град во текот на 2019 година.

“Единствен начин технолошките компании да ги избегнат овие санкции е да се воздржат од инвестиции и нудење услуги во Хонгконг“, стои во писмото.

Фото: Pexels