Facebook одвои 5,7 милијарди долари з да инвестира во Jio Platforms Limited, што е во сопственост на Reliance Industries, на чие чело е милијардерот Мукеш Амбани, пишува CNBC.
“Оваа инвестиција ја нагласува нашата посветеност кон Индија и нашето задоволство од драматична трансформација што Jio ја спроведува во земјата“, велат од Facebook.
Оваа инвестиција за компанијата на Марк Цукерберг значи 9,99% од акциите на Jio Platforms.
Инаку, Индија е клучна за Facebook поради апликацијата за испраќање пораки – WhatsApp, што има околу 400 милиони корисници во земјата. Од соработката се очекува да произлезат “нови начини за луѓето и бизнисите да бидат поефикасни во растот на дигиталната економија“.
Facebook во последно време направи повеќе инвестиции во големи и мали технолошки компании во Индија. Во 2019-та година вложи 25 милиони долари во малата дигитална социјална продавница Meesho, а на почетокот на оваа година одвои околу 15 милиони долари за образовно – технолошката компанија Unacademy.
Фото: Pixabay