Facebook ќе започне со отстранување на сите реклами кои ветуваат лекови за корона вирус, бидејќи платформата се бори против брзото ширење на теориите на заговор и лажните информации за лекови кои можат да предизвикаат паника и збунетост на социјалните медиуми.
Портпаролот на компанијата, за Forbes, изјави дека ќе отстрани реклами за производи кои се однесуваат на корона вирус и коишто создаваат чувство на итност, како што е повик за ограничени залихи или гарантирање на лек или превенција.
Портпаролот додаде дека, на пример, огласите со тврдења дека одредена маска за лице гарантира 100% заштита од ширење на вирус нема да бидат дозволени.
Здравствените експерти предупредуваат дека ширењето на дезинформации, лажни лекови и теории на заговор за корона вирусот може да предизвикаат штета и да ја поткопаат довербата на официјалните институции.
“Потребна ни е вакцина против дезинформации“, рече шефот на програмата за итни ситуации во СЗО, Мајк Рајан.
Фото: Pixabay