Facebook ќе му парира на Zoom

42

По вртоглавиот успех на апликациите Zoom и Houseparty, Facebook одлучи да се вклучи во слична приказна.

Како што беше најавено, на корисниците на оваа мрежа ќе им биде овозможено во таканаречениот Messenger Rooms бесплатно да објавуваат видео повици во групи до 50 лица.

Акциите на Zoom по оваа објава се намалија за 5%, пренесуваат странските медуми.

Новата услуга на Facebook, им овозможува на корисниците да креираат групи во видео повик, но разликата е во тоа што досегашните видео повици во Messenger се ограничени на само осум лица.

За разлика од Zoom, каде времето е ограничено на 40 минути, Messanger Rooms немаат ограничено време, а ќе имаат можност да додадат смешни маски на своите лица. Домаќинот на разговорот ќе може да ги отстрани корисниците, а оние кои го организираат повикот ќе можат да ги повикуваат и оние кои не користат Facebook платформи.

Фото: Pixabay