Facebook креира виртуелен свет наречен Horizon

105

Технолошкиот гигант Facebook создава “виртуелна средина“ со цел да ги интeгрира луѓето да поминат што повеќе време во една поинаква реалност.

Станува збор за апликација којшто ќе биде комбинација од социјални места каде што корисниците ќе можат да се дружат и разговараат. Ќе има и места специјално наменети за играње на игри меѓу себе, еден против друг.

Луѓето ќе го “населат и истражат“ виртуелниот свет преку цртан лик, односно аватар, пишува BBC.

Апликацијата ќе биде достапна и тестирана на почетокот на следната година, од мала група на корисници.

Од компанијата велат дека корисниците ќе можат да го оформуваат и градат својот дел од виртуелната средина, како и да ги дизајнираат сопствените карактери.

Фото: Facebook