Facebook Messenger носи една многу важна промена

115

Facebook наведува дека дневно се прават над 150 милиони повици преку Messenger, па затоа одлучија да ја зголемат приватноста и да обезбедат поголема заштита на луѓето додека разговараат.

Воведена е и нова опција end-to-end шифрирање за гласовни и видеоповици.

Ова не е автоматска промена, туку корисниците ќе мора да влезат во подесувањата за да ја вклучат, но и корисникот со кој разговарате ќе треба да ја вклучи оваа опција.

Неодамна пристигнаа и пораките што исчезнуваат, а нив ги имаат речиси сите останати апликации за допишување.