Facebook отстрани профили од Македонија, Косово, Русија и Иран

20

Фото: Pixabay

Вкупно 2.632 страници, групи и профили се отстранети од Facebook и Instagram, а како причина за тоа се наведува координирано невнимателно однесување на овие социјални мрежи, соопштува Facebook.

Операциите што ги откри Facebook, како што се наведува, се поврзани со Иран, Русија, Македонија и Косово.

“Ние постојано работиме на откривање и запирање на овој вид активности, бидејќи не сакаме нашите услуги да бидат употребени за манипулација со луѓето. Ние ги отстрануваме овие профили и страници врз основа на нивното однесување, а не врз основа на содржината што ја објавиле. Во секој случај, луѓето кои стојат зад овие активности се координираат меѓу себе и користат лажни профили, што беше основа за нашата акција“, велат од Facebook.

Оваа социјална мрежа на почетокот на овој месец отстрани стотина лажни профили во Велика Британија и Романија поради промовирање содржина што предизвикува поделба.