Facebook планира да креира паметен часовник кој ќе му биде конкуренција на Apple

31

Facebook планира да креира паметен часовник со кој треба да му биде конкуренција на паметниот часовник на Apple. Првенствено ќе биде наменет за прикажување на здравствените параметри за време на тренинг и за текстуална комуникација.

Оваа информација ја објавија порталите кои се посветени на известување за најновата технологија, Information и Verge. Објавија дека овој паметен часовник ќе може да работи без поврзување со мобилен телефон.Тоа значи дека треба да има Android систем со кој ќе биде овозможено испраќање на пораки преку апликацијата на Facebook, Messenger и WhatsApp.

Се очекува дека ќе биде овозможено да се следат голем број на здравствени параметри, а тоа подразбира поврзување со пријателите кои вежбаат, тренерите и здравствените и фитнес компаниите .

Oвој часовник би требало да чини околу 400 долари, a продажбата би започнала следното лето. Производството за втората генерација часовници е планирана за 2023 година.

Фото: Pixabay