Facebook предупреди на можно повлекување од Европа

218

Facebook предупреди дека може да се повлече од Европа доколку ирскиот комесар за заштита на податоци спроведе забрана за размена на податоци со САД.

Ирскиот комесар најави можност за донесување на таква одлука откако Европскиот суд на правдата во јули пресуди дека нема доволно заштита од пристап на американските разузнавачки агенции до податоците на Facebook.

Главниот соработник на Facebook во судското досие во Даблин напиша дека спроведувањето на забраната ќе ја направи компанијата нефункционална, пренесува британски Гардијан.

“Во случај Фејсбук да биде предмет на целосна суспензија на преносот на кориснички податоци кон САД, не е јасно како може да продолжи да обезбедува услуги на Instagram во ЕУ во овие околности, изјави портпаролот на Facebook, Ивон Канан.

Таа истакна дека Facebook не се заканува со повлекување од Европа, туку едноставно изразува мислења засновани на реалната состојба.

“Правните документи доставени до Високиот суд во Ирска покажуваат само јасна реалност дека Facebook и многу други компании, организации и даватели на услуги се потпираат на трансфер на податоци меѓу ЕУ и САД“, рече Канан.

Фото: Facebook