Facebook тестира алатка за видео шопинг

51

Фото: Pixabay

Facebook работи на алатка што ќе овозможи трговците да го презентираат својот производ преку видео на гледачите. Купувачите ќе можат да направат скриншот на тоа што сакаат да го купат и преку Messenger да го испратат на продавачот, кој потоа ќе побара да се плати директно преку апликацијата за разговори.

Од компанијата потврдуваат дека моментално се спроведува тестирање во Тајланд на одбрани страни, односно на делот Pages, пишува Tech Crunch.

Според корисниците, видеа во живо им помагаат да се види како некои парчиња треба да се користат/носат и многу повеќе “објаснуваат“ отколку кога се користат само фотографии. Благодарение на интерактивноста, клиентите можат да постават и прашање и да добијат одговори за одредени спецификации или детали.